ЕУ бара истрага за аферата на Ѓукановиќ во „Пандорините документи“

3 mins read

Делегацијата на Европската унија (ЕУ) во Црна Гора очекуваат надлежните државни органи соодветно да ги истражат наводите од аферата „Пандорини документи“, според кои претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ и неговиот син Блажо склучиле тајни договори за управување со нивниот имот во странство.

„Очекуваме дека овие неодамнешни наводи, како и сите други наводи за корупција или евентуално затајување данок, соодветно ќе бидат истражени од надлежните национални органи“ – соопштија од Делегацијата на ЕУ за црногорските медиуми.

Тие потсетија дека претстојниот годишен извештај на Европската комисија, кој ќе биде објавен наскоро, ќе содржи проценка на целокупната состојба во областа на владеењето на правото во Црна Гора.

Амбасадата на САД за Вијести.ме изјави дека тие не се во можност да ги коментираат случаите на конкретни лица споменати во „Пандорините документи“ и потсетија на меморандумот на претседателот Џо Бајден, со кој се утврди дека борбата против корупцијата е клучен интерес на националната безбедност.

Мило Ѓукановиќ/ Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Компании во повеќе земји

Во Пандорините документи беше објавено дека Мило и Блажо Ѓукановиќ потпишале тајни договори за управување со нивниот имот во 2012 година, криејќи се зад цитирани, комплицирани мрежи на поврзани компании од Велика Британија, Швајцарија, Девствените Острови, Панама и Гибралтар.

Во документацијата на водечката адвокатска фирма во Панама „Алкогал“, МАНС пронајде заверени копии од договорот за основање на трустови што Ѓукановиќ ги склучил на 21 јуни 2012-та година со компанијата „CM Skye 2 (PTC) limited“ регистрирана во британските Девствени Острови.

Трустовите биле формирани за период од 80 години, а компанијата што управува со нив е овластена да купува и продава недвижен имот и компании во име на Ѓукановиќ, да отвора нови компании и жиро сметки, да дава и зема заеми и да извршува разни други задачи.

Утврдување на постапките

Агенцијата за спречување корупција (КАС) за Вијести.ме изјави дека ќе поведе постапка „за утврдување на фактите“.

„По завршувањето на постапката, КАС навремено ќе ја извести јавноста за нејзиниот исход“, изјавија од институцијата.

Специјалното државно обвинителство (СДТ) во понеделникот објави дека формирало случај во врска со тврдењата на МАНС, објавувајќи дека ќе ги преземе сите мерки и дејствија во рамките на својата надлежност „со цел да ги утврди фактите и околностите“.

Сознанијата за аферата „Пандора“ откриваат „големи светски играчи“ – меѓу нив и познати светски лидери и милијардери

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Ги воодушеви сите – најубавата спортистка на светот ја погоди дупката од „прва“!

Следно

Даниел Крег со воени вежби се подготвил за акциите на Џејмс Бонд

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian