Бруклин го губи трпението со антиваксерот Кајри Ирвинг

2 mins read

НБА ѕвездата Кајри Ирвинг се уште не е вакциниран и засега нема намера да го стори тоа поради што Бруклин нетс полека го губи трпението, пишуваат медиумите во САД.

Градските власти во Њујорк и во Сан Франциско донесоа одлука да биде забранет влез во салите за невакцинирани лица и притоа посочија дека нема да прават отстапки за спортистите.

Бруклин нетс е тим од Њујорк и поради тоа Ирвинг не може ниту да тренира со екипата во тој град, а ниту да игра натпревари кога ќе започне сезоната и поради тоа дури нема да биде и платен за натпреварите кои ќе ги пропушти.

По одработениот прв дел од подготовките во Сан Диего, Ирвинг не можеше да го одработи вториот дел во Њујорк.
– Нема никакви новости. Не сум загрижен, секој ден тренираме, денеска имавме добар тренинг и утре ќе го повториме истото – изјави тренерот на Бруклин, Стив Неш по последниот тренинг.

Неш исто така ја отфрли можноста тренинзите на екипата да се преселат во друг град за да може да тренира и Ирвинг.

– Ова е нашиот дом и тука ќе продолжиме да тренираме – дециден е Неш.

Ова не е единствена лоша вест за антиваксерот Кајри Ирвинг бидејќи пред неколку дена НБА лигата и Унијата за НБА играчи постигнаа договор според кој секој невакциниран кошаркар кој ќе пропушти натпревар да биде финансиски казнет. Тоа значи, дека играчот нема да биде платен за пропуштениот натпревар бидејќи е невакциниран, а во случајот на Кајри Ирвинг, кошаркарот ќе губи по 381.000 долари за секој пропуштен натпревар.  

Управата на Бруклин се надеваше дека Ирвинг ќе го промени мислењето и ќе се вакцинира, дури ангажираа и доктор кој го едуцираше кошаркарот околу вакцината, но тој не го смени мислењето. Поради тоа ЕСПН пишува дека во Бруклин го загубија трпението со Ирвинг и доколку не се вакцинира, можно е да биде разменет.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Директорите на тетовската болница ќе бидат разрешени по изборите

Следно

Бизарен случај во Белград: Осумдесетгодишно лице ја изгризало сопругата по градите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian