Барселона последен полуфиналист на Суперглоуб

1 min read

Актуелниот европски шампион Барселона обезбеди пласман во полуфиналето на Суперглоуб кој се игра во Џеда, Саудиска Арабија.

Каталонците во четврфиналето не дозволија изненадување и со 36:32 го совладаа шампионот на Африка,  Замалек.

Ракометарите на Замалек и пружија силен отпор на Барселона во првото полувреме кое му припадна на европскиот шампион со 18:17. Но, на стартот од вториот дел со серија од 5:0 Барселона поведе со 26:21 и ги реши дилемите околу победникот и патникот во полуфиналето.

Фраде постигна седум гола за Барселона додека кај Замалек се истакнаа Кадах и Ел Дера со по шест постигнати голови.

Противник на Барселона во полуфиналето на Суперглоуб ќе и биде бразилскиот Пињеирос кој со 34:33 го совлада Ал Нор.
Во другото полуфинале ќе играат Магдебург кој со 35:23 го совлада Ал Духаил и Алборг кој беше подобар од Ал Вехда со 38:27.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Лукаревска: Дојдете, видете и научете како се води општина

Следно

Тага во Србија: Почина 20-годишна жена од коронавирус, бремена со близнаци

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian