Заложничка драма во француски затвор: Затвореник киднапирал двајца чувари

1 min read

Заложничката драмаа е во тек во еден затвор во северозападна Франција, откако еден затвореник зеде двајца чувари како заложници.

Според француската телевизија БФМТВ, станува збор за затвореник кој е осуден на доживотен затвор за силување и убиство. Еден од чуварите имал повреда на окото.

Еден од двајцата чувари беше ослободен, објави БФМТВ, повикувајќи се на неименувани извори од судството.

Тој наводно бил земен како заложник во затвор со голема безбедност, пренесува Ројтерс.

Француското министерство за правда потврди дека во моментов двајцата чувари се киднапирани како заложници, и дека еден чувар е ранет во десното око.

Во соопштението се наведува дека во тек е заложничка криза во затворот во градот Конде сур Сарте, на околу 250 километри западно од Париз.

Преговарачите се на пат кон затвор и ќе се обидат да обезбедат ослободување на заложниците, се додава во соопштението.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Били Ајлиш и Најк издизајнираа нови „одржливи“ патики

Следно

„Политико“: Оливер Вархеји – европскиот голман под силен оган на критики

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian