ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Бразилската полиција уапси фудбалер на теренот поради обид за убиство на судија

2 mins read

Неверојатни сцени доаѓаат од Бразил, полицијата уапси фудбалер за време на натпревар и тоа поради обид за убиство.

На натпреварот од втората лига помеѓу Сао Паоло и Гуарани, фудбалерот на домашниот тим Вилијан Рибеиро крвнички го удри судијата кој доби таков удар што остана да лежи на теренот.

Според локалните медиуми, Рибеиро бил бесен на судијата Родриго Кривалјара и прво го турнал на теренот, а потоа го удрил со копачка во глава.

Полицијата реагираше експресно и го уапси Рибеиро на теренот по што сега фудбалерот се соочува со обвинение за обид за убиство.

Несреќниот судија веднаш е пренесен во болница, додека клубот експресно го раскина договорот со Рибеиро кого го очекува судење.
Предупредување, видеото е вознемирувачко:

 

 

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Спасовски: Сите ветувања дадени пред 5 години се реализирани

Следно

Интервју со Марија Данева, третопласирана на „Макфест 2021“: И во секојдневието сум полна со истата страст со која зрачам и на сцена

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian