Фудбалерите на Јувентус славеа во градското дерби против Торино во саботата со минимален резултат 1:0 во италијанската Серија А.
Херој на „Старата дама“ беше Мануел Локатели, кој го постигна единствениот гол на крајот од натпреварот и на тој начин му донесе три важни бода на својот клуб.
Судирот на градските ривали го следеше најпознатата италијанска фудбалска водителка Дилета Леота, која беше на Олимпискиот стадион во Торино.
По завршувањето на мечот, Дилета објави на нејзиниот Инстаграм профил едно интересно видео, во кое ги покажува своите вештини со фудбалска топка, но не се прослави баш најдобро.
Видеото веднаш стана хит на социјалниет мрежи, а многу фанови ѝ рекоа во коментарите со хумористичен тон подобро да се држи до микрофонот.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Најубавата спортска водителка повторно е слободна, Дилета Леота ја одби брачната понуда