ВИДЕО | ЦИВИЛ: Институциите да превенираат насилство во изборниот процес

1 min read

Невладината ЦИВИЛ апелира до политичките партии и нивните поддржувачи, како и од соодветните институции, да преземат итни мерки за превенција од насилство во изборниот процес. Во својот изборен рапорт од ЦИВИЛ, истакнуваат дека во текот на вчерашниот ден МВР известиле за обид за физички напад со метален предмет врз градоначалникот на Лозово, Ацо Велковски од страна на жител на село Каратманово кој се случил на 2 октомври 2021.

– Како што известија од МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот. По бомбата во дворот на кандидат за советничка листа на СДСМ во Шуто Оризари, тепачка и оштетување на рекламен материјал во Чашка и пукањето пред изборниот штаб на ДУИ во Чаир, ова е четврти инцидент со насилство во изборната кампања, соопштија од ЦИВИЛ.

Од таму уште додаваат дека мониторингот на ЦИВИЛ бележи случаи на непочитување на протоколите и на препораките за заштита од ковид-19 речиси на сите митинзи од речиси сите политички партии.

Меѓу другото од ЦИВИЛ, реагираат и на политичка злоупотреба на децата. Според нивните податоци и понатаму продолжува политичката злоупотреба на деца во кампањски активности на политичките партии.

– Во текот на вчерашниот ден, мониторинг тимот на ЦИВИЛ забележа уште еден случај на присуство на деца на спортска активност на ДУИ, во која покрај високи партиски функционери и кандидати на изборите, учествуваа и деца. Злоупотребата на децата во политички и зборни кампањи е забрането според Законот за заштита на децата, велат од ЦИВИЛ.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Хорор во Израел: Син си ја убил мајка си бидејќи ја променила верата

Следно

Перез негира дека сè ќе биде решено на 1 јануари околу Мбапе

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian