ВИДЕО: Бен Афлек за Џенифер Лопез: Дали се согласува дека е добра актерка?

3 mins read

Бен Афлек имаше многу симпатична реакција кога го слушна името на Џенифер Лопез на црвениот килим.

Месеци откако се повторно заедно, Бен Афлек и Џенифер Лопез не се обидуваат да ги скријат среќата, задоволството и симпатијата еден кон друг. На сличен начин, Бен не успеа да ја прикрие насмевката кога името на Лопез беше спомнато на црвениот килим додека тој даваше изјава.

Бен Афлек присуствуваше на премиерата на својот нов филм „The Tender Bar“ во Лос Анџелес, заедно со Џорџ Клуни, кој му е долгогодишен близок пријател и е режисер на филмот.

49-годишниот оскаровец беше интервјуиран од страна на холивудската актерка Сибли Сколс, со која разговараше и споделуваше како е да се глуми во филм кој го режира неговиот близок пријател.

Но, Сибли не изостави да ја допре темата за Џенифер преку паралела од минатото, кога таа глумеше во филм режиран од Клуни, и да испровоцира слатка реакција од заљубениот актер.

„Сите актерки во градот читаа на аудиција за улогата, и дел од тоа беше дека треба да биде секси, но исто така и требаше да те направи да веруваш дека може да пука во тебе и да те убие. И Џенифер го имаше сето тоа.

Знаете, верувате во секоја минута кога ќе земеше пиштол во рака, дека таа може да го повлече чкрапалото и  да ти ја разнесе главата, и беше многу добра. Беше одлична во филмот, и беше смешно затоа што таа има одлична кариера, и продолжи да прави толку многу нешта, и на некој начин е забавувач од сите аспекти, но мислам дека ако погледнете наназад, тоа е перформанс. Тоа навистина се истакнува кај неа“, изјави Џорџ Клуни за Џенифер Лопез во ноември 2020 година за „GQ“.

Кога новинарката му го прочита првиот дел од изјавата на Клуни на Бен Афлек и го праша дали знае за кого зборува, Бен со симпатична насмевка на лицето не сака да се обиде да погоди и вели: „Немам никаква идеја“.

Откако ќе му соопшти дека се работи за Џенифер, и ќе го праша дали се согласува со тоа, Бен срамежливо го пренасочува разговорот кон квалитетите на Џорџ како режисер.

„Мислам дека Џорџ е многу паметен човек, одличен режисер, и сработи одлилна работа.“, кажа Бен за Џорџ Клуни.

Бенифер беа забележани неколку часови претходно како заедно пристигнуваат во Лос Анџелес за премиерата на филмот, кој ќе се појави во кино салите во декември оваа година.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Фудбалските вештини на италијанската спортска водителка Дилета Леота

Следно

Шпанија ќе ги субвенционира младите со 250 евра месечно за кирија

Latest from Blog

На денешен ден – 21 октомври

1422.- Умре францускиот крал Шарл VI, кој на престолот беше 42 години. Во почетокот на владеењето бил наречен „Саканиот Шарл“, но

MacedonianEnglishAlbanian