УТРИНСКИ БРИФИНГ | Илиевски: На Македонија ѝ е потребна активна и современа дипломатија

3 mins read

Советот на амбасадори е асоцијација на поранешни амбасадори, но има и актуелни дипломати коишто сѐ уште функционираат во редовен работен однос. Советот исклучително сериозно ја мониторирира ситуацијата и со нашата дипломатија и меѓународната политика во целина. Советот по сите клучни прашања, па дури и во економијата, културата и развојната политика во Македонија се обидува да даде свои сугестии и мислења кои се одонесуваат на тоа како да се трасира патот по кој Владата ќе ги решава овие проблеми, објаснува Тихомир Илиевски, поранешен амбасадор во Шведска и Романија за Утрински брифинг.

-Во тој контекст, бидејќи актуелна е средбата во Брдо – Крањ, можам да ви кажам дека нашата добра практика предвидува некаде кон крајот на ноември, токму на оваа тема – патот на македонските интеграции кон ЕУ, да свикаме една сериозна дебата, под закрилата на своевидна тркалезна маса, на која и нашите врвни политички функциори и странски амбасадори би ги понудле своите видувања за тоа колку брзо Македонија може да го помине патот за редовно членство во ЕУ, вели за Утрински брифинг долгогодишниот дипломат и член на Советот на амбасадори, Тихомир Илиевски.

На тема патот на Македонија кон ЕУ, не може да се одбегне впечатокот дека сега живееме во некоја високо исполитизирана ситуација во обете земји, и кај нас и во Бугарија, па оттука се наметнува прашањето што може да стори дипломатијата во оваа ситуација

Амбасадорот Илиевски за Утрински брифинг коментира дека принципите на меѓународната дипломатија значат дека системот на дипломатите високо котира во политичките и внатрешно политичките односи и состојби во земјите што ја спроведуваат добрата, активна и современа дипломатија во светот. Од дипломатската комуникација зависат многу активности што потоа се пресликуваат или решаваат на домашен политички план. Во Македонија долги години дипломатијата е спуштена – од принципиелни или непринципелни причини, од актуелни политички состојби – на многу пониско ниво од што треба. Сега ни треба не ексклузивна, туку активна, современа и добро професионализирана дипломатија во светот за да ги пренесе нашите пораки до земјите што можеби сѐ уште се колебаат во врска со контекстот и односите со Бугарија.

-Можеме со многу аргументи, ако сме присутни на клучните светски дестинации, да им објасниме на политичарите во тие земји кои ги носат круцијалните одлуки, зошто е важно Македонија, заедно со Албанија што поскоро да стане членка на ЕУ. Нашата дипломатија во овој момент е минимизирана и за жал ние тој капацитет го немаме, бидејќи во многу земји и меѓународни организации ние немаме ни амбасадор, па не можеме да стигнеме до тоа ниво на кое нашата клучна порака ќе може да биде пренесена, вели Илиевски за Утрински брифинг.

Тој додава дека дипломатијата треба да се обнови, освежи и тогаш ќе може да зборуваме за тоа која е улогата на македонската дипломатија.

Целиот разговор погледнете го во видеото

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Поради расизам врз поранешен работник, Тесла мора да плати 130 милиони долари оштета

Следно

Каратистката Недев го освои второто место на Европскиот куп во Катовице

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian