Страшна одмазда, дали Халанд ќе биде најплатениот фудбалер во светот?

1 min read

Килијан Мбапе е една од главните теми во овој период, и натаму се шпекулира дека Французинот има намера да се пресели во Реал Мадрид на крајот од сезоната.

ПСЖ ќе се обиде да го продаде напаѓачот оваа зима, но првиот човек на „кралскиот“ клуб Флорентино Перез ќе чека до јуни и го добие одличниот играч без надомест.

Реал планира уште двајца врвни фудбалери, Пол Погба и Ерлинг Халанд, Французинот исто така ќе биде слободен, а Норвежанецот треба да пристигне од Дортмунд за 75 милиони евра.

Реал, кој беше единствениот што заштеди пари за време на пандемијата и тоа поради продажбата на играчи, и отсуството на трансфери, односно купувања, сега има доволно средства да го купи Норвежанецот.Но, помеѓу нив и играчот стои агентот Мино Рајола.

Шпанските медиуми пишуваат дека одмаздата на Парижаните ќе биде страшна. Имено, тие се подготвени да му понудат околу 50 милиони евра годишно со бонуси на Норвежанецот и да го направат најплатениот играч во светот.

Мбапе ја отвори душата: На луѓето во ПСЖ уште во јули им најавив дека си заминувам

Тој би бил идеална замена за Мбапе, воедно Реал и никој друг не може да ѝ парира на оваа понуда, бидејќи е тешко да се очекува напаѓачот на Борусија да добие третина од тие пари, со оглед на договорите со Реал.

Халанд досега сезонава во Бундеслигата има вкупно седум голови од пет настапи во дресот на „милионерите“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО| Светски ден на учителите: Учениците веќе не ги поздравуваат со станување

Следно

ФОТО+ВИДЕО | На денешен ден пред 21 година беше урнат режимот на Милошевиќ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian