Состојбата во Барселона е очајна, сè уште не е комплетно исплатен трансферот на Пјаниќ

1 min read

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта призна дека економската ситуација во клубот е критична, а истото го потврдија и резултатите од ревизијата која ја побара новиот управен одбор.

Долгот на Барселона изнесува неверојатни 1.3 милијарди евра поради што изминатото лето остана без најдобриот играч во клупската историја, Лионел Меси, а главоболки на челниците на клубот им задаваат и резултатите од ревизијата кои покажаа дека каталонците сè уште ги немаат комплетно исплатено трансферите на играчите.

И покрај тоа што долговите кон другите клубови се намалени за 81 милион евра, „Марка“ пишува дека Барселона мора да плати уште 115 милиони евра за трансферите на играчите.

Барселона му должи на Јувентус дури 39 милиони евра за трансферот на Миралем Пјаниќ кој сезонава настапува за Бешикташ како позајмен играч.

За највредниот играч во тимот, Френки де Јонг, кој е проценет на 90 милиони евра, Барселона му треба да му исплати на Ајакс уште 32 милиони евра.

Потоа следат Сержињо Дест кој исто така пристигна од Ајакс и холандскиот тим треба да добие уште 16 милиони евра, како и Фелипе Кутињо за кого Ливепрул треба да добие уште 13 милиони евра.

Барселона мината сезона за заврши со минус од дури 481 милион евра, а за оваа сезона буџетот изнесува 765 милиони евра.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Заев: Од 1 јануари државата ќе ги плати придонесите за секој нововработен млад човек

Следно

Нема простување: : Ова се најнемилосрдните хороскопски знаци, кај нив нема втора шанса!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian