Со концерт на маестро Трпчески се отвора новата сезона на Филхармонијата

1 min read

Со концертот „Данте 700“, на кој како солист ќе настапи исклучителниот македонски пијанист Симон Трпчески, в четврток во 20 часот ќе биде отворена новата концертна сезона на Филхармонијата со наслов „Филхармонија во движење“.

Во рамките на програмата на концертот се две дела од Франц Лист, а диригент е Габриел Бебешеља.

Во новата концертна сезона ќе настапат реномирани солисти, како: Тимоти Рајдаут (виола, Англија), Јеил Еум Сон (пијано, Ј Кореја), Марија Солозлобова (виолина, Русија), Андреј Коробејников (пијано, Русија), Елишија Силверштајн (виолина, САД), Сајака Соџи (виолина, Јапонија), кваретот „Баланеску“… Со оркестарот ќе диригираат Паскал Галоа, Емил Табаков, Конрад ван Алфен, Урош Лајовиц, Михал Нестерович и др. Освен солистите кои доаѓаат од различни краишта на светот, ќе настапат и домашни уметници – Ана Кондратенко, Ева Богоевска, Маја Чаначевиќ, Паскал Краповски.

На програмата, освен „железните“ класици на симфонизмот, се и дела од модерни и современи автори кои за првпат ќе прозвучат кај нас, како што е антологиското дело „Музика за 18 музичари“ од американскиот композитор Стив Рај што ќе биде премиерно изведено на 14 октомври.

Наскоро ќе биде промовирана и новата веб-страница на Филхармонијата со модерен и автентичен дизајн, богата со различни содржини врзани со работата на институцијата.

http://kultura.gov.mk/

Претходно

Која диета е идеална за секој хороскопски знак? Астрологијата го открива планот на слабеење

Следно

Русија покрена истрага за силувањa во затвор

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian