Со 421,2 милиони денари ќе се пошумуваат површините што изгореа во пожарите

1 min read

Владата на Република Северна Македонија на денешната 109-та редовна седница ја разгледа и усвои Информацијата за состојбата со шумските пожари на територијата на Република Северна Македонија, со пресек од 2019 до 15.08.2021 година.

Врз основа на податоците од информацијата за опожарените површини, а со цел да се санираат штетите согласно редовната и вонредната програма за пошумување на ЈП „Национални шуми”, Владата му препорача на Министерството за финансии да ги разгледа можностите за алоцирање средства во висина до 421, 2 милиони денари согласно проценката за висината на штетата за целосна реализација на програмата за пошумување.

Дополнително, Владата му препорача на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, во координација со Министерството за финансии, Секретаријатот за европски прашања и ЈП „Национални шуми”, да ги разгледаат можностите за утврдување извори за финансиски средства од фондовите на ЕУ и од програмите за климатски промени на Светска банка за набавка на комплетна современа опрема, вклучително и специјални теренски возила, за справување со пожари и други природни катастрофи во согласност со предвидените реформи на системот за заштита и спасување.

Извор: Влада на РСМ

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Невреме во Италија: Торнадо ја зафати Катанија

Следно

Хорор во Грција: Фудбалер пронајден мртов во автомобил, рацете му биле врзани

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian