Како што веќе најавивме, од среда навечер и во текот на ноќта кон четврток, кај нас доаѓа ГОЛЕМА ПРОМЕНА на времето, проследена со ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи од дожд и со умерен, повремено ЗАСИЛЕН ветер од југоисточен правец и тоа особено изразен долж Повардарието, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.
Особено ИНТЕНЗИВНИ врнежи ќе има во западните и во југозападните предели каде локално ќе наврнат над 40 л/м2 воден талог, особено во четврток и во петок.
-Температурите на воздухот, НАГЛО и значително ќе опаднат и тоа особено од четврток кога ќе се движат во интервалот само од 9 до 17 степени, и истите ќе бидат потпросечни за овој дел од годината, додава Попоски.
Според Попоски и во Скопје и околината од среда навечер, и во текот на ноќта кон четврток следува ГОЛЕМА ПРОМЕНА на времето…
Целиот текст прочитајте го ТУКА.
Целиот текст прочитајте го ТУКА.
Извор: Еспресо.мк
Извор: www.slobodenpecat.mk