Секој средношколец или студент што веднаш ќе тргне на работа ќе добие стимулации од државата

1 min read

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање, најави дека секој средношколец кога ќе матурира, или студент кога ќе дипломира, да добие државни стимулации доколку веднаш тргне на работа.

– Младите тргнуваат на работа на 30 години, односно пред да стапат во брак. Секој што веднаш ќе тргне на работа на 18 години по средното училиште, или на 22-23 години по факултетот, ќе добие платени придонеси од државата и други стимуланси само да ги натераме да тргнат на работа, рече Заев.

Премиерот додаде дека ќе биде помагано и практиканството, а целта е невработеноста кај младите да се намали на ниво од 17 отсто. Придонесите ќе бидат платени од државата во првите години од вработувањето, а за останатото само рече дека ќе бидат „награди“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ОН: Во 2050 година, пет милијарди луѓе би можеле да имаат проблем со пристап до вода

Следно

Муслиу е оптимист: На хартија сме фаворити, но тоа треба да го покажеме и на теренот во Вадуз

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian