Роман Абрамович по три години конечно ќе дојде на „Стемфорд бриџ“

1 min read

Сопственикот на Челси по пауза од три години ќе го посети Лондон и клубот кој е во негова сопственост од 2003 година.

Британските власти уште во мај 2018 година му забранија влез во Англија на Абрамович кога му истече визата, а потоа поради затегнатите дипломатски односи со Русија одбија да му издадат нова виза. Сега Абрамович во Лондон ќе допатува со израелски пасош за што не му е потребна британска виза.

Тој во Лондон ќе дојде за да си го види семејството и ќе го посети тренинг центарот на Челси како и стадионот „Стемфорд бриџ“.

Иако имаше план за иградба на нов стадион, поради проблемите со визата, Роман Абрамович се откажа од амбициозниот проект, но исто така се откажа и од реновирање на „Стемфорд бриџ“, токму поради проблемите со визата.

Иако не можеше да влезе во Англија, Абрамович сепак беше директен сведок на најголемите успеси на Челси во последните две години, во Баку 2019 година кога „сините“ триумфираа во финалето во Лигата на Европа, како и ова лето кога неговиот тим во Лисабон по втор пар во историјата ја освои Лигата на шампионите.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дождовните шуми клучен бедем против климатските промени, Бразил под критики поради неуспехот да го спречи нивното уништување

Следно

Борисов: Генерации млади Македонци и Албанци во моментов ја мразат Бугарија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian