Поради расизам врз поранешен работник, Тесла мора да плати 130 милиони долари оштета

2 mins read

Американски федерален судија вчера и наложи на компанијата „Тесла АД“ да плати отштета од над 130 милиони долари на поранешен работник, откако било откриено дека тој бил изложен на расно непријателска работна средина, пишува Волстрит Журнал.

Судијата потврди дека компанијата не презела разумни чекори, така што Овен Дијаз, работникот кој бил вработен како оператор на лифтови во фабриката „Тесла Фремонт“ во 2015 и 2016 година, бил расно злоупотребуван.

Во порака до вработените објавена од Тесла на својата веб-страна, производителот на автомобили вели дека судењето се однесува на расни навреди што се случиле во фабриката, како и на расистичките графити во тоалетите.

Исто така, потврдено е дека, Дијаз три пати се пожалил за малтретирање, а Тесла сепак интервенирала и потврдиле дека се преземени мерки.

„Иако силно веруваме дека овие факти не ја оправдуваат казната што ја изрече судот во Сан Франциско, признаваме дека 2015-та и 2016-та година не беа совршени“, пишува во соопштението на Тесла.

Пред почетокот на судењето, судијата Вилијам Орик ги отфрли обидите на Тесла да го исклучи поротникот од поротата, тврдејќи дека таквиот обидот бил расно заснован и „намерно дискриминаторски“.

Минатата година, производителот на автомобили во својот прв извештај за расната разновидност откри дека Афроамериканците сочинуваат четири проценти од водечките позиции на Тесла и десет проценти од работниците.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Грејната сезона во Скопје можно е да почне и пред 15. октомври

Следно

УТРИНСКИ БРИФИНГ | Илиевски: На Македонија ѝ е потребна активна и современа дипломатија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian