„Политико“: Оливер Вархеји – европскиот голман под силен оган на критики

7 mins read

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, како што покажуваат интерни документи во Брисел, ја фаворизира Србија во редот кон ЕУ и истовремено ја ублажува загриженоста за демократските процеси во таа земја. Критичарите со обвинувања до Верхеји и дека не работи како чесен посредник за решавање на спорот меѓу Скопје и Софија за откочување на преговорите за членство.

Ова се наведува во анализата на влијателниот бриселски портал „Политико“ во пресрет на утрешниот Самит ЕУ – Западен Балкан во Брдо кај Крањ.

Според повеќе од десетина службеници од повеќе европски институции и анализа на внатрешни документи, се посочува, европскиот комесар Вархеји бил одговорен за намалување на загриженоста на ЕУ за владеењето на правото и човековите права кај одредени земјите кандидатки.

Иако унгарскиот дипломат треба да даде рамнопрвани и еднакви проценки за сите потенцијални членки, тој, како што пишува „Политико”, тој ја турка кандидатурата на една земја – Србија и покрај фактот што Белград, се посочува, не успеа да постигне напредок по клучните прашања, па дури и се повлече за некои.

Пристапот на Вархеји и за Западен Балкан и за Турција, не е во чекор со многу земји на ЕУ, анализира „Политико”. Според влијателниот медиум, еврокомесарот за проширување остро се спротивставува на насоките на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која уште во писмото за негово назначување напиша дека „почитувањето на човековите права и владеењето на правото треба да бидат темели за нашата меѓународна соработка”.

– Но, ставот на Вархеји навистина одговара на агендата на една влада на ЕУ – неговата. Унгарскиот премиер Виктор Орбан во неколку наврати ги отфрли ставовите на институциите на ЕУ за владеење на правото и демократија, пред сѐ кога станува збор за критика на неговото владеење. Тој се залагаше за аспирациите на ЕУ за Србија, јужниот сосед на Унгарија, управувана од неговиот сојузник, претседателот Александар Вучиќ. Двајцата политичари – Орбан и Вучиќ беа обвинувани за авторитарни тенденции. Дали напорите на Вархеји ќе направат голема разлика за перспективите на Србија или на која било друга земја е отворено за прашање. Членките на ЕУ ги носат големите одлуки за проширување и притоа се расправаат за усогласување дури и за блага изјава/декларација што ќе произлезе од утрешниот самит во Брдо кај Крањ, наведува „Политико“.

Ставот на Вархеји, се посочува, ризикува да и наштети и на позицијата на Комисијата меѓу владите на ЕУ и кредибилитетот на Европската унија меѓу лидерите на Западен Балкан – регион од клучно стратешко значење за Унијата каде Русија, Кина, Турција и земјите од Персискиот залив се обидуваат да го зголемат нивното влијание.

Вархеји, кој претходно беше амбасадор на Унгарија во ЕУ, одбил да биде интервјуиран за овој текст. Во пишани одговори на прашањата, наведува Политико, тој ги брани своите постигнувања вклучително и она за владеењето на правото. Тој потенцира дека го надгледувал обновувањето на методологијата на проширувањето која има поголем фокус на владеењето на правото.

– Но, други претставници на Европската комисија, дипломати од ЕУ и членови на Европскиот парламент не ги прифаќаат ваквите негови одбрани. Вархеји „го поткопува кредибилитетот на Комисијата во очите на партнерите и земјите членки”, рече еден официјален претставник на Комисијата, кој инсистира на анонимност поради страв од последици за неговата кариера, пишува „Политико”.

Официјални претставници на Европската Комисија, дипломати на ЕУ и европратеници, исто така, изразиле фрустрација поради, како што се посочува, пристапот на еврокомесарот Верхеји кон Северна Македонија како земја кандидат за членство.

Земјата презеде големи чекори за да започне преговори за членство во ЕУ, дури и го смени името за да стави крај на спорот со Грција што го блокираше нејзиниот напредок со децении. Заедно со Албанија, Северна Македонија доби зелено светло за почеток на преговорите минатата година, само за тие разговори да бидат блокирани од Бугарија поради спор околу јазикот и историјата, наведува Политико.

Критичарите го обвинуваат Верхеји и дека не работи како чесен посредник за решавање на спорот и отклучување на преговорите за членство. Дипломат на ЕУ вели дека Верхеји „дал неповолни предлози до Бугарија што повеќето земји-членки веќе ги отфрлиле”.

Друг дипломат на ЕУ оценува дека ставањето крај на ќор-сокакот во Северна Македонија треба да биде „најважното досие” за Вархеји, но тој „нема напредок”. Верхеји, исто така, се додава, предизвика збунетост оваа година, кога ја изнесе идејата дека на Албанија треба да и се дозволи да започне преговори за членство без Северна Македонија.

– Ова беше апсолутно погрешен и фатален сигнал, бидејќи двете земји ги исполнија сите критериуми за почеток на пристапните преговори. Зошто овој нееднаков третман? Овој напредок со две брзини би значел казна за Северна Македонија, смета Ромео Франц, германски европратеник од Зелените.

– Факт е дека (унгарскиот) премиер Орбан, ја поддржува национално-конзервативната опозиција на Северна Македонија. Ова беше докажано кога унгарската влада му даде азил на поранешниот шеф на владата, Никола Груевски, вели Франц.

Запрашан за критиките дека неговиот став бил премногу пробугарски во спорот, Верхеји наведе пофалби од премиерот на Северна Македонија за неговите напори да и помогне на земјата. Тој рече дека работи напорно за да дозволи да започнат преговорите за членство на Албанија и Северна Македонија, се наведува во анализата на „Политико“.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Заложничка драма во француски затвор: Затвореник киднапирал двајца чувари

Следно

Фановите на УЕФА не веруваат во нова победа на Македонија против Германија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian