Перез негира дека сè ќе биде решено на 1 јануари околу Мбапе

1 min read

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез зборуваше за потенцијалното доаѓање на Килијан Мбапе во „кралскиот“ клуб.

Францускиот фудбалер вчера во изјава за „РМЦ“ рече дека побарал од ПСЖ да си замине во летниот преоден рок и дека не сака да го продолжи договорот со клубот.

ПСЖ залудно му нуди многу пари за да ја продолжи соработката, Мбапе од јануари може да преговара со други клубови, а сигурно е дека во иднина 22-годишниот напаѓач ќе го носи дресот на Реал Мадрид.

Наводно веќе во јануари сè би можело да биде јасно, а шпанските медиуми ја пренесоа изјавата на Перез:

– Ќе имаме вести за Мбапе во јануари. Се надевам дека сè ќе биде решено на 1 јануари 2022 година –наводно рекол претседателот на Реал.

Во интервјуто за „РМЦ“, Перез негираше дека кажал нешто за Мбапе за јануарскиот преоден рок.

– Моите зборови за Мбапе беа погрешно изговорени. Реков дека ќе треба да почекаме до следната година за да знаеме нешто повеќе. Имам целосна почит кон ПСЖ и одлична соработка со овој клуб – изјави Перез за „РМЦ“.

Мбапе очигледно ќе игра за Реал Мадрид, тимот за кој сонуваше уште од неговите први фудбалски чекори.

Реал Мадрид има резервен план доколку не дојде до Мбапе, негова замена ќе биде соиграч на Елмас

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | ЦИВИЛ: Институциите да превенираат насилство во изборниот процес

Следно

На удар претежно невакцинирани, болниците во Србија брзо се полнат

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian