ОН: Во 2050 година, пет милијарди луѓе би можеле да имаат проблем со пристап до вода

1 min read

Повеќе од пет милијарди луѓе би можеле да имаат проблеми со пристап до вода во 2050 година, предупредија денеска ОН, повикувајќи ги лидерите да преземат иницијатива на самитот на врвот COP26.

Уште во 2018 година, 3,6 милијарди луѓе имале несоодветен пристап до вода најмалку еден месец годишно, според новиот извештај на Светската метеоролошка организација (СМО) на ОН.

– Треба да се освестиме поради претстојната криза со вода, истакна шефот на СМО, Петери Талас.

Извештајот „Состојбата на климатските услуги 2021: Вода” доаѓа само неколку недели пред COP26 – Конференцијата на ОН за климатски промени во Глазгов од 31 октомври до 12 ноември.

СМО нагласи дека во текот на последните 20 години, нивото на водата, складирана на копно – на површината, во подземните слоеви, во снегот и мразот – се намалува од еден сантиметар годишно. Најголемите загуби се на Антарктикот и Гренланд, но многу населени места во пониските географски ширини доживуваат значителни загуби на вода во области кои традиционално обезбедуваат вода, соопшти СМО.

Талас ги повика земјите од COP26 да ги зголемат своите напори, додавајќи дека повеќето светски лидери зборуваат за климатските промени како основен ризик за човечката благосостојба, но нивните постапки не се совпаѓаат со нивните зборови

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Пресметка во скопско: Го нападнале, па му го украле автомобилот

Следно

Секој средношколец или студент што веднаш ќе тргне на работа ќе добие стимулации од државата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian