Магомедгаџи Нуров, македонскиот репрезентативец остана без медал на Светското првенство во борење слободен стил кое се одржува во Осло, Норвешка.
Нуров кој се натпреварува во категоријата до 97 килограми е поразен во репасажот, односно борбата за бронзениот медал и тоа од Батзул Улзисаихан од Монголија со 0:6 на поени.
Нуров на СП во Осло оствари две победи на стартот, со 17:6 го победи Литванецот Лукас Красаускас, а потоа и Радослав Баран од Полска со 3:1 за во четвртфиналето да загуби од фаворитот за златниот медал, Кајл Снајдер со 11:0.
Нуров на претходното СП кое пред две години се одржа во Казахстан го освои бронзениот медал.