На удар претежно невакцинирани, болниците во Србија брзо се полнат

1 min read

Седницата на Српскиот кризен штаб за борба против коронавирусот денеска одржува седница на која ќе се разгледува актуелната состојба со бројот на заразени и починати од Ковид , вакцинацијата и што друго може да се направи во борбата против ширење на инфекцијата . Како една од мерките,  српските епидемиолози предлагаат скратување на работното време и со тоа намалување на времетраењето на контактите кои можат да ја пренесат заразата

коронавирус
EPA-EFE

Во Србија, коронавирусот е потврден кај 966.989 луѓе од почетокот на епидемијата, а 8.430 луѓе ја загубија борбата против ковид. Во моментов, околу 6.500 луѓе се во болница, а 256 пациенти се на респиратор.
За денеска е закажана седница на Кризниот штаб кој треба ја разгледа состојбата и динамиката на спроведената вакцинација низ Србија

Според најновите анализи, во Србија се регистрирани уште 5.983 случаи на инфекција, а уште 50 лица починале како последица на инфекцијата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Перез негира дека сè ќе биде решено на 1 јануари околу Мбапе

Следно

„Victoria’s Secret“ со нов градник за мастектомија: Заедно со Стела Макартни во борба против ракот на дојка

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian