МЕТЕО НА УТРИНСКИ БРИФИНГ | Славчо вели: Од утре дожд

1 min read

Денес времето во Македонија ќе се задржи сончево и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Ветерот долж повардарието повремено ќе засилува на интензитет. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 26 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и релативно топло со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 24 степени.

Потоа од утре облачноста ќе се зголемува и во текот на ноќта кон четврток од запад ќе се прошират врнежи од дожд. Врнежите ќе продолжат и во четврток и петок и локално ќе бидат со ИНТЕНЗИВЕН карактер. Сепак НАЈИНТЕНЗИВНИ врнежи ќе има во западните и во југозападните предели каде локално ќе наврнат над 40 л/м2 воден талог. Особено долж повардарието ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ЗНАЧИТЕЛНО ќе опаднат и ќе бидат потпросечни за овој дел од годината и тоа особено од четврток кога ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 18 степени.

Врнежи но од локален карактер ќе има и за време на викендот.

И во Скопскиот регион од утрешната ноќ ќе настапи промена на времето проследена со врнежи од дожд и со пад на температурите на воздухот. Максималните дневни температури, особено од четврток ќе бидат потпросечни и ќе се искачуваат само до околу 15 степени.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

За неколку часа богатството на Закерберг се намали за шест милијарди долари

Следно

Дневен хороскоп за 5 октомври: Среќата ви се насмевнува

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian