Која диета е идеална за секој хороскопски знак? Астрологијата го открива планот на слабеење

15 mins read

Желбата да бидеме поубави, поздрави и во подобра форма доведе до речиси безброј начини на слабеење и осмислување на диети. Меѓу нив е и онаа во склад со зодијачките знаци. Дали постои идеална диете во склад со планетарните предиспозиции и вкупните опкружувања?

ОВЕН
Овенот по природа е нестрплив, а тоа важи и кога станува збор за исхраната. Не сакаат да подготвуваат храна, туку во кујната ќе го побараат она што може да се изеде веднаш, „од нога“. Тие со воодушевување ќе ја пробат секоја нова, дури и радикална диета, но исто така брзо и ќе ја прекинат, затоа што сакаат брзи резултати.
Идеална диета: тоа што на Овните им помага на долги патеки е комбинацијата на здравиот пост и нискокалоричните оброци. На тоа треба да се додаде и малку релаксација. Воведете овошни денови, изедете 1,5 кг овошје и испијте најмалку два литра минерална вода. Ако за неколку дена ви здодее, променете го менито и подгответе јадење со ориз: 125 грама интегрален ориз динстајте без сол и поделете го на три порции. Наутро изедете две јаболка, а за ручек и вечера измешајте го преостанатиот ориз со 100 грама салата од краставици. Важно е да внесувате многу течности: вода, супа од зеленчук, сокови од миксирано овошје или зеленчук.
Совет: наместо да ја голтате храната, мора да научите да уживате во неа. Пред секое јадење опуштете се, затворите ги очите, десетина пати длабоко вдишете на нос, а издишете на уста. Дури потоа фатете се за приборот за јадење.

БИК
Биковите обожаваат свесно да прават грешки, а во тие гревови спаѓа и храната. Јадењето за нив претставува уживање: вкусот и изгледот мора да бидат споени. Оставаат многу време за јадењето и најмногу уживаат во јадењето дома, во удобна атмосфера. Проблеми со тежината имаат главно кога нивната страст кон јадењето ќе преовлада. Нивниот голем плус е тоа што се многу истрајни и упорни. Кога нешто навистина сакаат, одат до крај. Тоа важи и за слабеењето. Меѓутоа, Биковите многу тешко се разделуваат од омилените деликатеси. Обожаваат чоколади, сладоледи и торти.
Идеална диета: слатките ужини се многу важни за Биковите. Затоа е најдобро во диетата да воведат многу овошје, кое ќе им обезбеди доволно шеќер. Подготвувајте богати салати од сезонски зеленчук, а еднаш дневно слободно можете да изедете и сочен свински стек, но подготвено на скара.
Совет: Биковите треба да се обидат да ја контролираат својата желба за слатки. Пред јадењето помирисајте зелено јаболко или масло од нане. Тие мириси ја намалуваат желбата за слатки.

БЛИЗНАЦИ

Близнаците се спонтани, не сакаат обрасци, ни во животот ни во дневното мени. Но затоа брзата храна е измислена само за нив. Што се однесува до телесната тежина, поголем број близнаци имаат среќа, нивниот внатрешен немир поттикнува на размена на супстанци и тие непрекинато ги согоруваат масните наслаги. Диетата ја сметаат за здодевна и затоа ретко кој близнак ќе се одлучи на неа.
Идеална диета: за да биде по мерка на близнаците, диетата мора да биде практична и разновидна. Препорачуваме млечни производи, јогурт (може и овошен) и сирење. Одбегнувајте тестенини. Диетата можете да ја започнете со поголемо внесување течности, пијте од две до три литри течности дневно, на пр. минерална вода и супи од зеленчук.
Совет: настојувајте секогаш да јадете на исто место и полека. Избегнувајте ресторани за брза храна.

РАК

Со Раковите владеат емоциите: во еден момент се на седмо небо, а веќе во наредниот како да го допреле дното. Ако преовладува негативната енергија, тогаш храната ја користат како лек. Слатките го лечат стресот. За овие лица слабеењето претставува голем проблем. Многу меѓу нив се извонредни готвачи. Затоа, драги ракови, искористете ја својата фантазија и подгответе совршени јадења по ваш вкус.
Идеална диета: земајте седум оброци дневно. Меѓу главните оброци задолжително дозволете си себе ужина, пр. салата од сезонски зеленчук кој ќе го прелиете со малку маслиново масло и овошен оцет. Во салата можете да ставите и една лажичка сенф, исецкан бел лук, а оние кои сакаат малку невообичаен вкус на салата можат да прелијат со лажичка мед.
Совет:
раковите треба да научат како да го контролираат своето расположение. Спортот може да ви помогне да се ослободите од негативната енергија. Најдобро ќе се чувствувате ако барем два пати неделно одите на пливање или возење со велосипед.

ЛАВ

Лавовите имаат многу енергија. За да останат во полна форма, мораат и добро да јадат. Инаку сакаат да бидат во центарот на вниманието, а тоа важи и кога јадат. Тие се големи хедонисти и најмногу сакаат да јадат во рестораните каде се ќе им биде подготвено. Би требало да научите по нешто и да зготвите, затоа што така лесно ќе контролирате колку сте изеле и колку калории сте внеле.
Идеална диета: важно е оброците да ги земате секогаш во исто време. Така ќе се избалансира размената на материи, што секако ќе влијае на намалувањето на телесната тежина. Лавовите не треба да се одрекуваат од енергетската храна, ним им е потребно повремено да јадат парче месо или порција тестенини. Јадете полека и пред секој оброк испијте половина литар вода.
Совет: лавовите се склони на зголемен холестерол, па затоа мораат да водат сметка за внесување на масти. Салата можете да подготвите со јогурт и лимон наместо со масло и киселина, а месото подобро подгответе го на скара.

ДЕВИЦА

Девиците се перфекционисти. Придаваат големо внимание на здравата исхрана. Знаат да препознаат што им одговара на нивното тело, а што му штети. Одбегнуваат кафе, алкохол и слатки. Ретки се девиците со изразено голема телесна тежина. Ако и страдаат од вишок на килограми, не држат радикални диети затоа што имаат проблеми со метаболизмот и желудникот.
Идеална диета: јадете повеќе пати на ден, помалку. Појадокот осмислете го сами, затоа што вие најдобро знаете што значи да се храниме здраво. За ужина можете да испиете нискокалоричен овошен јогурт или да изедете: 100 грама немасно сирење со маслинки. Важно е храната да ја внесувате во мали количини и да уживате во секој залак. За вечера подготвите салата од домати.
Совет: Водете сметка за внесувањето на течности, испијте најмалку две литра минерална вода дневно. Идеално би било на тоа да додадете и неколку филџани растителен или овошен чај.

ВАГА

Вагите се родени дегустатори. На забавите секогаш се покрај масата. Меѓутоа, не јадат сѐ, малку се пребирливи. Ако не најдат тоа што им се во тој момент јаде, подобро ќе останат гладни. Типичен проблем на терезијата е тоа што тешко се одлучува на диета, затоа што се плаши дека диеталната храна нема да им биде вкусна. Мотивација можат да најдат во некои кујнски намирници.
Идеална диета: на Вагите им требаат мошне малки оброци за да имаат на што да се радуваат. Храната треба да биде зачинета, понекогаш со егзотичен вкус. Испробајте нешто ново, тоа слабеењето ќе ви го направи едноставно, на пример јапонски суши, кое е нискокалорично или исечкете тофу сирење и маринирајте го со сос од соја, мед и зачини. Парче сирење оставите да се исцеди и препечете го на масло. Служете со ориз.
Совет: Правете вежби за мотивација доколку држењето на диета не ви е привлечна идеа: секое утро погледнете се во огледало и замислите како ќе изгледате после неколку дена.

СКОРПИЈА

Скорпиите сакаат да одат од крајност до крајност. Кога станува збор за храната или се прејадуваат или гладуваат. Тоа секако не е здравствено оправдано. Скорпиите првенствено мораат да научат како да се хранат здраво. Тоа нема да им претставува голем проблем затоа што имаат предност над другите знаци: ако одлучат да ослабат, нивниот дух ќе им помогне да издржат до крај. За да ги задоволат своите апетити, треба да им се дозволат неколку слатки гревови.
Идеална диета: во текот на диетата да пиете повеќе течности, најмалку две литри дневно, растителни и овошни чаеви. Пет оброци на ден ќе ги задоволите вашите потреби за храна. Наместо слатки, испијте коктел од банана: измешајте 150 мл млеко и една банана. Пијте чај за слабеење кој можете да го купите во аптека.
Совет: Скорпиите се склони на целулит. Затоа треба да одбегнуваат солени намирници како што се шунка, колбаси и слично. На чинијата треба да имаат што повеќе мусли, интегрален леб, зеленчук. Овие намирници се здрави, а истовремено го поттикнуваат и метаболизмот.

СТРЕЛЕЦ

Стрелците се многу друштвени. Најмногу сакаат да јадат надвор од домот, со пријателите во град. Навистина, ако се најдат сами во кујната ќе подготват за час нешто вкусно и едноставно. Нередовно се хранат, а ретките оброци често се пообилни отколку што би требало. Имаат среќа што многу се движат, поголем број од нив се занимаваат и со некој спорт, што придонесува за согорување на мастите. Меѓутоа, после секоја активност тие одат кон ладилникот.
Идеална диета: диетално мени на стрелците мора да содржи енергетски богати намирници. Рецептите треба да бидат што поедноставни. На стрелците им е многу важен појадокот, на пр. мусли без шеќер, два крекери со џем и нискокалоричен маргарин или парче интегрален леб со јајце.
Совет: во кругот на добри пријатели често се јаде многу повеќе отколку што би требало. Во ресторан земете месо или риба на скара и салата со диетален прелив. Така ќе уживате во друштвото и ќе се храните диетално.

ЈАРЕЦ

Јарците сакаат едноставност. Обожаваат едноставна и евтина храна. Јадењето не игра некоја особено улога во нивниот живот, затоа се малкумина оние кои имаат проблеми со прекумерната тежина. Меѓутоа, стресот и проблемите се компензираат со прејадување. Ако тоа е често, резултатот е видлив во огледалото. Јарците се многу самокритични и немаат самосожалување.
Идеална диета: Јарците се скептични кон диетите. Со помош на мали едноставни оброци успешно ја редуцираат исхраната. Затоа нивниот програм на слабеење се состои од повеќе оброци дневно со задолжителни четири ужини: деликатес од интегрален леб со сирење, домати, босилок или јогурт.
Совет: Движењето е многу важно за јарците. Пред спиење направите неколку вежби за колковите и нозете.

ВОДОЛИЈА

Постојат три типа Водолии. Авантуристи кои од исхраната прават натпреварувачка дисциплина, постојано испробуваат нови рецепти и одат во нови егзотични ресторани. Дегустатори кои постојано нешто грицкаат и не можат да го дочекаат времето за ручек. Третите се стереотипни, склони на еднолична храна и тоа не им пречи. На сите им е заедничка слабоста кон слатките. Водолиите исто така сакаат да јадат во кругот на пријателите.
Идеална диета: мошне мали оброци одговараат на нивниот брз темперамент. Испланирајте слатка ужина, на пр. од јагоди. Помешајте 100 грама исчистени јагоди, 100 грама нискокалорично сирење, 2 супени лажици сок од портокал и прелијте со лажичка мед.
Совет: фантазијата нека ви помогне во слабеењето. Ако ви се јаде торта со шлаг, замислите токму онаква торта каква што ви се јаде и постепено во фантазијата претворете ја во многу масни наслаги на некое лице. Ќе видите, таа глетка ќе ви ја избрка желбата за слатки залчиња.

РИБИ

Рибите не се избирливи. Ќе јадат тоа што им е при рака, што потоа ќе доведе до повеќе килограми. Тоа особено доаѓа до израз во стресни ситуации или кога имаат љубовни проблеми. Рибите не се многу дисциплинирани, не успеваат да ја спроведат диетата до крај и многу лесно ќе заборават на неа ако на пример пријателите ги повикаат на вечера.
Идеална диета: исхраната со многу течности е идеална за рибите, најмалку три литри дневно. Размислувајте за тоа дека топлите напитоци повеќе ќе ве заситат од студените. Пијте растителни чаеви, вода или лимонада. Доволно е да земате пет оброци дневно. Гладот секогаш можете да го залажете со интегрални грицки или снегулки. За вечера подгответе супа од домати.
Совет: на Рибите им е важно да се чувствуваат сито, затоа што не поднесуваат глад. Добар трик е често да пиете течности, па нема да чувствувате глад.

 

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Пленковиќ: Негирањето на хрватскиот јазик во српски учебник е срамно и недозволиво

Следно

Со концерт на маестро Трпчески се отвора новата сезона на Филхармонијата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian