Во категоријата кати за деца (8-9 години) на Европскиот куп во Катовице, Камелија Недев се закити со среброто.
Македонската каратистка успеа да дојде до второто место, а на првата позиција се најде Наоми Роха од Израел.
Покрај Камелија Недев, на овој Европски куп во традиционално карате партиципира и Дејан Недев во сениорска конкуренција.
Учествоа зедоа над 500 каратисти од 28 држави, а во полскиот град се натпреваруваат и во кадетска и јуниорска конкуренција.
Продолжува традицијата на успешни настапи на Недеви, како што е познато Дејан Недев кој своевремено беше европски шампион (2011 година) токму во сениорска конкуренција.