Хорор во Грција: Фудбалер пронајден мртов во автомобил, рацете му биле врзани

1 min read

Грчкиот фудбалер Никос Цуманис е пронајден мртов во своето возило, објавија грчките медиуми.

Полицијата неколку дена трагаше по поранешниот репрезентативец на селекцијата на Грција до 21 година, а денеска го најде автомобилот во Каламарија, во близина на Солун. Полицијата веднаш го пренела Цуманис во локалната болница каде лекарите констатирале смрт нафудбалерот.

Првите информации се дека смртта на Цуманис настапила со гушење, а посебно сомнително е што полицајците го пронашле со заврзани раце.

Никос Цуманис најголем дел од кариерата го помина во солунски Арис, а минатиот месец потпиша за Македоникос, но не го дочека дебитантскиот настап за новата екипа.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Со 421,2 милиони денари ќе се пошумуваат површините што изгореа во пожарите

Следно

Полицијата употреби солзавец и водени топови врз демонстрантите на антивладиниот протест во Љубљана

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian