Грејната сезона во Скопје можно е да почне и пред 15. октомври

1 min read

Во наредните денови можно е предвремено да почне грејната сезона во Скопје.

Според правилникот, за тоа да се случи пред официјалниот старт на 15 октомври, потребно е средната дневна температура прогнозирана за наредниот ден да биде 12 степени. Според информацијата која денеска ја објави БЕГ, денешната прогноза била 14 степени со што не биле задоволени условите.

Но, од УХРМ од среда најавуваат значително намалување на дневните температури со што се отвора можност БЕГ да почне да ги загрева домовите во Скопје. Сепак, одлуката за тоа кога ќе почне греењето (во периодот пред 15 октомври) ја носи Регулаторната комисија за енергетика.

Од БЕГ исто така апелираат до граѓаните односно заедниците на станари кои ги немаат овозможено условите за старт на грејната сезона (проблеми со потстаниците за парно, заклучени врати и променети брави како и проблеми со електричното напојување на потстаниците) тоа да го средат во најкраток можен рок.

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Четири прегледи што мора да се направат по 30-тата година

Следно

Поради расизам врз поранешен работник, Тесла мора да плати 130 милиони долари оштета

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian