Град Скопје објави оглас за купување на Градска куќа

1 min read

Град Скопје објави оглас за купување Градска куќа.

Според условите наведени во огласот, новиот објект во кој ќе бидат сместени градоначалникот на Град Скопје и градската администрација, мора да биде во строгиот центар на градот односно во Мал ринг. Да има површина од 4.000 до 9.000 метри квадратни, паркинг простор за 20 до 70 возила, обезбедена инфраструктура и имотен лист или лист за предбележување.

„Проценетата вредност за набавка на објектот не треба да биде поголема од 11 милиони евра со вклучен ДДВ. Парите се обезбедените од буџетот на Град Скопје, а плаќањето ќе се врши на најмногу 24 месечни рати“, стои во огласот објавен во неколку дневни весници минатата недела.

Рокот на поднесување на понудите е 15 календарски дена од денот на објавување на огласот, односно понудите треба да се достават најдоцна до 13 октомври.

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Лепа Лукиќ сакала да се самоубие: Се заканував на мојата мајка

Следно

Тројца научници ја делат годинешната Нобелова награда за физика

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian