Герасимовски со национален рекорд на пливачкиот митинг „Делфин спринт“

1 min read

Како што известуваат од ПВК Орион – Скопје, нивниот пливач Василиј Герасимовски постави нов рекорд на меѓународниот пливачки митинг „Делфин спринт“.

Во дисциплината 50 метри слободни, категорија помлади пионери Герасимовски имаше резултат 28,15 секунди. На тој начин го поправи својот стар рекорд кој беше со време од 28,63 секунди.

Покрај рекордот ПВК Орион ја започна зимската сезона со многу медали и четири пехари за најдобри пливачи.

Од претходно е најавено на 10 октомври 2021 година на Олимпискиот базен Центар, клубот ќе го организира четвртиот „Орион Куп мини 2021“ кој оваа година ќе биде со изменета програма, но се останува на заложбата помладите категории на пливачи да бидат застапени и акцентот е ставен токму на тоа.

Поради почитување на протоколите и безбедноста,натпреварот ќе се одржи без присуство на публика.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Заев утре во Брдо на средби со Вархеји, Меркел, Макрон и Радев, очекува јасна и чиста порака од ЕУ

Следно

ФОТО | Били Ајлиш и Најк издизајнираа нови „одржливи“ патики

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian