Гасол и дефинитивно замина во пензија, на простувањето солзи за Коби

3 mins read

Славниот шпански кошаркар Пау Гасол денеска и официјално стави крај на 23 години долгата кариера.

– За време на професионалната кариера работев со многу луѓе, на сите им должам благодарност за сè што сторија за мене. Од новинарите кои ме следеа на ова патешествие и поради кои нашата работа допира и доаѓа со милиони луѓе преку навивачите за енергијата која ми ја даваа, до физиотерапевтите, спонзорите, менаџерите… На сите сум им благодарен. Посебно на Пеп Касал кој ми помогна на почетоците во мојата кариера и ме подготви како момче влезам во светот на мажите – го започна својот говор Гасол.

Гасол професионалната кариера ја започна во Барселона за која дебитираше во 1998 година и во наредните три сезони настапуваше за каталонскиот тим. Потоа замина во НБА лигата каде во 2001 година Атланта хоукс го избра како трет пик на драфтот, но веднаш го размени во Мемфис гризлис. За тимот на Мемфис играше седум сезони по што беше разменет во ЛА Лејкерс каде ги помина најдобрите моменти во кариерата и освои две титули.

Гасол не издржа и заплака кога почна да зборува за Коби Брајант со кого играше заедно во Лејкерси.
– Би сакал посебно да го истакнам Коби. Многу би сакал да биде тука, но повекогаш животот не е фер. Коби ме научи како да бидам подобар лидер, подобар натпреварувач и што значи да се биде победник – порача Гасол.

По заминувањето од ЛА Лејкерс во 2014 година, две сезони помина во Чикаго па три во Сан Антонио, а последната година ја започна во Милвоки но ја заврши во Барселона.
Шест пати настапи на Ол стар натпреварите, два пати беше избран во вториот тим  на НБА лигата, а беше и дебитант на годината.

Со репрезентацијата на Шпанија освои три европски злата, две сребра и две бронзи. Има златен медал од СП 2006 година и додека на Олимписките игра освои три медали, две сребра и една бронза.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Муслиу е оптимист: На хартија сме фаворити, но тоа треба да го покажеме и на теренот во Вадуз

Следно

Славчо Попоски предупредува: Mетеопатите да бидат многу внимателни и да ги почитуваат советите од своите лекари!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian