ФОТО | Филип Димкоски, градинар: Само среќни растенија и среќни животни ќе нè направат среќни и сити

3 mins read

Младиот Филип Димкоски, дипломиран земјоделски инженер, веќе си има своја градина која се наоѓа во прилепска викенд населба, и територијално припаѓа на селото Оревоец. Градината на Филип има околу две илјади квадратни метри, а на таа површина се наоѓа и неговата куќа и живеалиштата на неговите кокошки и пајки. Оваа негова приказна започна лани, па нема ни цели две години откако ја обработува површината. Вели дека е на почеток. Во склопот на градината на Филип има мала зеленчукова градина која се простира на околу двесте квадрати, со дваесетина кокошки, три пајки и петнаесетина овошни дрвца што ги засадил минатата година.

фото -приватна архива

Од кога датира твојата страст за градинарството и кој беше најзаслужен за твоите први чекори во оваа област?

– Сè почесто размислувам дека едно дете кога ќе се роди, не е празна табла, туку токму спротивно, секое дете носи нешто со себе уште од раѓањето. Така, за себе сметам дека исконската љубов кон природата, а со тоа и кон градинарството, ја носам уште од раѓање, а како растев, разни фактори ја поттикнуваа и насочуваа таа љубов. Дедо ми Илија ми ги покажа првите, основни вештини во градинарењето и на седум-осум години ја направив мојата прва градина со негова помош. Сè до крајот на средно образование имав бавча, цветна градина, помагав на семејниот овоштарник и лозјето, чував кокошки и зајаци…Кога дојде време за студии, татко ми Александар, само ме потсети на мојата најрана љубов-градинарството, и тоа беше доволен мотив да одберам да студирам градинарство и цвеќарство на Факултетот за земјоделски науки и храна и да се стекнам со звањето дипломиран земјоделски инженер.

Што сè произведуваш и има ли пласман и интерес за твоите производи?

– Одгледувам пиперки, домати, краставици, спанаќ, тиквички, грашок, шери домати, зачински растенија како нане, босилок и рузмарин, цветни видови како далии, џунџулиња, кани…Моето производство е сè уште мало и немам многу што да понудам, но се надевам дека тоа ќе се промени. Досега, од време на време, нудам свежи јајца од кокошка, сируп од нане, сок од ајдучка трева…Интересот е голем особено за сирупот од нане и за јацата. Луѓето често ме прашуваат и за производи од зеленчуковата градина, но засега имам само за себе и за семејството, а голем дел го преработуваме во зимница за домашни потреби.

ГОДИНАВА ЦЕЛ МИ БЕШЕ ДА НАПРАВАМ АЈВАР ОД СОПСТВЕНИ ПИПЕРКИ И УСПЕАВ ВО ТОА. ВКУСОТ Е НАВИСТИНА ПОСЕБЕН И РАДОСТА КОГА СЕ ЈАДЕ Е МНОГУ ГОЛЕМА.

Се живее ли од градинарство?

– Зависи што ни е целта во животот. Ако целта ни се многу пари, во градинарството тоа можете да го остварите евентуално со конвенционално производство, но и тогаш е тешко. Јас се занимаам со традиционално производство, базирано на…

Целиот текст прочитајте го ТУКА.
Извор: Еспресо.мк

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Полицијата употреби солзавец и водени топови врз демонстрантите на антивладиниот протест во Љубљана

Следно

Чешката Влада сака да ги „замрзне” платите на политичарите пред изборите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian