Во следниот период ќе продолжат натпреварите од квалификациите за Светското првенство 2022, а македонската А репрезентација се подготвува за дуелите против Лихтенштајн и Германија.
Нашите најдобри фудбалери на 11 октомври во Скопје на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје ќе ги пречекаат Германците (20.45 часот).
За овој натпревар ФФМ веќе ги објави цените на билетите со кои можете да го гледате мечот од трибините воедно со почитување на ковид мерките. Повеќе ТУКА
Потсетување дека оваа година во Дуизбург во првиот меѓусебен дуел тогаш направивме големо изненадување совладувајќи го четирикратниот светски шампион со 2:1.
Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ги повика своите фанови на својот сајт да гласаат за тоа кој има поголеми шанси за победа.
Фаворитската улога ја има Германија, 69% моментно стојат шансите за нејзин триумф, 27% победа за Македонија, а само 4% дека средбата ќе заврши нерешено. Можете да гласате ТУКА