„Донда“ ќе стане повеќе од албум: Канје Вест основа своја „tech“ компанија

2 mins read

Познато е дека Канје Вест е опседнат со „Apple“, а сега по сè изгледа мултимилјардерот сака и да ѝ се спротистави на „tech“ компанијата во директна војна на пaзарот.

По објавувањето на албумот насловен „Донда“, Канје Вест поднел легално барање за регистрирање на истото име за компанија со линија на технолошки производи, со цел да прерасне во „tech“ гигант со бројни аудио и електронски производи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cody A Banks (@codyabanks)

Името „Донда“ се планира дека ќе го носат бројни иновативни типови на електроника, вклучувајќи таблети, компјутери, аудио звучници и сараунд саунд системи.

Канје сака да го стави „Донда“ на „носливи“ компјутери во стилот на смартвочи, смарт очила, тракери на активност и заштитни футроли за таблети и компјутери.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ye (@kanyewest)

Друга марка на која можеби ќе се спротистави „Донда“ е аудио брендот „Др.Дре“, бидејќи Канје е заинтересиран и за креирање на слушалки, безжични слушалки, блутут сетови за таблет компјутери и безжични сетови за мобилни телефони.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Third Eye Ent. (@thirdeye.ent)

На листата на продукти се надополнуваат безжични ресивери во форма на накит и „smart“ прстени.

Меѓу бројните идеи се и публикации кои може да се симнат во електронска форма како книги, магазини, журнали, брошури, флаери, памфлети и билтени, сите на полето на музиката и вестите од забавниот свет.

Името Донда го носи името на мајката на Канје, Донда Вест, која важи за една од главните инспирации за ѕвездата за повеќето од неговите успеси во кариерата. Таа почина во 2007 година од пост-оперативни последици откако подлегна на козметички зафат за намалување на градите.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Србија продолжува со постојните мерки, иако медицинскиот дел побарал усвојување на „многу порестриктивни мерки”

Следно

Пресметка во скопско: Го нападнале, па му го украле автомобилот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian