Дневен хороскоп за 5 октомври: Среќата ви се насмевнува

4 mins read

Ви го претставуваме дневниот хороскоп за 5 октомври, погледнете што ви предвидуваат ѕвездите за денес.

Овен

Ако се наоѓате во чувствителна фаза, препуштете им на соработниците да се позанимаваат со покомплицираните задачи. Мора да имате добра процена за тоа кој може да ве замени во одлучувачкиот момент. Обидете се да ја поместите границата на толеранција. Тешко се концентрирате, па со самото тоа си создавате притисок.

Бик

Ќе ви се укажат некои нови деловни можности, особено ако вашата работа подразбира патувања, многу средби, љубезност, комуникативност. Бидете реални кога станува збор за вашите очекувања од партнерот. Лесно можете да се впуштите во авантура со личноста со која деловно сте поврзани.

Близнаци

Личноста што има негативен став за вашите идеи, нема да го промени своето мислење. Но, не ѝ обрнувајте внимание. Свесни сте дека од вас се очекуваат големи деловни успеси и дека тоа е обемна задача за вас, но вие ќе најдете сила за да ја реализирате работата. Во љубовта испланирајте романтична вечера за двајца.

Рак

Во љубовта работите ќе се комплицираат ако не ги дефинирате јасно своите приоритети. Ќе бидете немирни и емоционално нестабилни. Не донесувајте нагли одлуки и не решавајте ништо што е многу важно, бидејќи ќе бидете под влијание на спротивставување на желби, па и вашето однесување ќе биде непредвидливо.

Лав

Немојте да дозволите некој да ве оптоварува со погрешни идеи или да ве условува. Вие треба на вашите соработници да им предложите корисно решение. Некој повремено ве иритира со однесувањето и коментарите, па ќе делувате напнато. Често го губите трпението пред една блиска личност.

Девица

Ве очекуваат добивки, кои дополнително ќе ве мотивираат за работа. Финансиите се поправаат. Успешно ќе ги покривате сите ваши месечни трошоци. Многумина од вас ќе започнат љубовни приказни што ќе ги крунисаат со брак. Среќата ви се насмевнува. Препуштете им се на обврските без висок степен на деловен ризик.

Вага

Важно е да ја сочувате позитивната инспирација или силната волја во друштво на соработниците. Внимателно смислете го својот комплетен настап и не дозволувајте некој погрешно да ги протолкува вашите идеи и деловни интереси. Нема причина да се однесувате премногу пребирливо кон партнерот.

Скорпија

Дозволете си себеси одредена доза препотенција со намера да оставите позитивен впечаток на соработниците или на вашите надредени. Нема потреба да се оградувате од нечии емотивни провокации или предизвици. Посветете му повеќе внимание на партнерот и покажете што конечно очекувате.

Стрелец

Ви се случуваат интересни работи, затоа и не ви е здодевно. На моменти сте нервозни и подготвени да избувнете. Најголемо влијае врз вашето расположение има партнерот. Периодот пред вас е добар ако ја вклучите имагинацијата, но не и за практични работи. На материјален план е можен застој.

Јарец

На средбата со соработниците не е на одмет да побарате нечија заштита и добар совет. Постојат работи што бараат креативно размислување или фаза на инкубација. Нема потреба да избрзувате во некои деловни ситуации. Реално проценете ги своите можности на различните страни.

Водолија

Размислувате на примитивен начин, раководени од импулсите. Бидејќи сакате да ги задоволите „ниските страсти“ не избирате средства да го остварите она што сте го наумиле. Ќе бидете во состојба кон некој да заземете заштитнички став. Бидејќи од партнерот го барате невозможното, пожелно е да се спуштите на земја.

Риби

Се обидувате да ја импресионирате вашата околина на различни страни. Важно ви е да привлечете нечие внимание и да го оправдате својот углед. Сепак, работите кои ги правите повеќе потсетуваат на преувеличување или на лична несигурност. Наместо да размислувате за нечии мани, позанимавајте се со своето однесување.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

МЕТЕО НА УТРИНСКИ БРИФИНГ | Славчо вели: Од утре дожд

Следно

Андоновиќ: Падот на Фејсбук ја покажа зависноста на светот од социјалните мрежи

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian