Чешката Влада сака да ги „замрзне” платите на политичарите пред изборите

1 min read

Чешката владина коалиција сака да ги замрзне платите на политичарите во следните пет години, потег што доаѓа непосредно пред парламентарните избори што ќе се оддржат во петок и сабота, јави ДПА.

За предлогот на популистичката партија АНО (ДА) на премиерот Андреј Бабиш и социјалдемократската ЦССРД денеска гласаа 133 пратеници, а само еден пратеник беше воздржан и ниту еден против.

Предлог-законот сега ќе оди во Сенатот, Горниот дом на парламентот. Но, навременото одобрување е неизвесно во ова парламентарно тело.

Критичарите сметаат дека потегот на владините партии е популистички обид во последен момент да се придобијат гласачите, додава ДПА. Доколку планот не успее, платите на парламентарците и министрите најверојатно до крајот на годината ќе се зголемат за околу шест проценти.

Претходното автоматско зголемување на пшлатите се темелеше на општото зголемување на платите.

-Тоа би било навистина скандалозно во сегашната ситуација, рече Бабиш.

Шефот на владата во моментов е под огромен притисок поради новите обвинувања произлезени од објавените документи во аферата „Пандора”. Според овие документи, Бабиш во 2009 година купил голем имот во Франција неколку компании за школки.

 

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Филип Димкоски, градинар: Само среќни растенија и среќни животни ќе нè направат среќни и сити

Следно

Спасовски: Сите ветувања дадени пред 5 години се реализирани

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian