Борисов разговораше и со австрискиот премиер Курц за проширувањето на Западен Балкан

1 min read

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов во Љубљана оствари билатерална средба со австрискиот канцелар Себастијан Курц за време на состанокот на лидерите на Европската народна партија, организиран од словенечкиот премиер Јанез Јанша, напиша поранешниот бугарски премиер на Фејсбук.

Според дописникот на МИА од Софија, Борисов и Курц разговарале за проширувањето на ЕУ на Западен Балкан.Тие се согласија дека ова ќе биде чекор што ќе даде целосност  и просперитет на целиот регион на Централна и Југоисточна Европа.

Борисов го уверил Курц дека кога ГЕРБ повторно ќе дојде на  власт во Бугарија, ќе ги врати позитивните односи со Република Северна Македонија, врз основа на Договорот за добрососедство што тие го потпишаа за време на неговото владеење.

Себастијан Курц му посака успех на ГЕРБ на парламентарните избори во Бугарија како важен чекор во борбата против популистите, за што му се заблагодари.

 

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Интервју со Марија Данева, третопласирана на „Макфест 2021“: И во секојдневието сум полна со истата страст со која зрачам и на сцена

Следно

Заев: Од 1 јануари државата ќе ги плати придонесите за секој нововработен млад човек

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian