Билал Касами: Паркингот во Тетово ќе биде бесплатен

1 min read

Лидерот на Движењето Беса и кандидат за градоначалник на Општина Тетово, Билал Касами ја претстави програмата „За нашата општина” на митинг кој се одржа во тетовската населба Горна Чаршија. Тој се осврна на состојбата со недоволно паркинг места и решенијата за овој проблем во градот.

-Тетово се соочува со недостиг на паркинзи, но секој стан и куќа во иднина ќе има соодветен паркинг. Во Тетово ќе се градат и паркинзи на катови. Се додека овој проблем не се реши целосно, паркинзите во Тетово ќе бидат бесплатни, истакна на митингот Билал Касами.

Освен во централното подрачје каде би се граделе катни паркинзи, во останатите делови од Тетово според Касами би имало паркинзи со монтажен систем.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Под улици во Украина, откриени се нови скривалишта на Евреи во подземни канализации

Следно

Македонскиот селектор Бајиќ тргна со победа во ФИБА Лигата на шампионите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian