Андоновиќ: Падот на Фејсбук ја покажа зависноста на светот од социјалните мрежи

2 mins read

Фејсбук се огласи преку Твитер, беше главниот куриозитет како последица од неколку часовниот пад на социјалната мрежа Фејсбук која вчера буквално го парализираше светот.

Иако официјалното соопштение од компанијата е дека причината за колапсот е „погрешната промена на конфигурацијата“ што спречила 3,5 милијарди од нивните корисници да пристапат до социјалните мрежи и услугите за пораки како што се WhatsApp, Instagram и Messenger, сепак безбедносните експерти не ја отфрлуваат можноста за ненамерна грешка, но и саботажа.

Компанијата не наведе на блогот кој ја направил промената на конфигурацијата и дали е планирана. Неколкумина вработени во Фејсбук, кои сакаа да останат анонимни, за Ројтерс предходно рекоа дека веруваат дека прекинот се должи на внатрешна грешка во начинот на насочување на интернет сообраќајот.

Падот на Фејсбукот од глобалната мрежа беше вториот удар за гигантот на социјалните медиуми неколку дена откако компанијата беше обвинета дека честопати дава предност на профитот, наместо да ги потиснува говорот на омраза и дезинформациите.

Акциите на Фејсбук ја загубија вредноста дури за 4,9 проценти, што е нивниот најголем дневен пад од ноември минатата година, пренесува Ројтерс.

Но што покажа вчерашниот колапс на Фејсбук и на социјалнаите мрежи за во иднина?

Ја покажаа зависноста на светот од нивното користење. И самите медиуми низ светот запреа со работа бидејќи една од главниот пласман на инфромации е токму оваа но и другите социјални мрежи. И самите корисници се информираат токму од нив а и комуницраат меѓу себе, па вчера малкумина навлечени на комуникациите преку социјални мрежи, се сетија дека мода можат и да се вратат на традиционалните комуникации, однсно да се јават на телефон.

Едно е сигурно. Пандемијата со ковид, Аферата Хавана и од вчера Пандора за финансиските малверзации наликуваат на забрзано менување на светот и влегување во некои нови случувања кои за сигурно го менуваат и начинот на досегашното функционирање на човештвото.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дневен хороскоп за 5 октомври: Среќата ви се насмевнува

Следно

АСОМ донираше по 60 000 денари за семејствата на настраданите во пожарот во Тетово

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian