Во Скопје водата за пиење е безбедна и квалитетна

1 min read

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 27.09.2021 до 01.10.2021 зема 208 примероцизафизичко-хемиска и 208 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 43 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18). 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Ќерката на Стив Џобс стана манекенка: Ив Џобс со манекенско деби во Париз

Следно

Талибанците го возвратија ударот: Уништена база на ИСИС

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian