ВИДЕО+ФОТО | Камила Кабејо, Амбер Херд и Хелен Мирен на модната писта: Со париски гламур во борба против улично насилство

3 mins read

Пејачката Камила Кабејо, актерката Амбер Херд и легендарната дама Хелен Мирен го поведоа парискиот гламур чекорејќи по пистата на ревијата на „L’Oreal“ на модната недела во Париз оваа недела.

Ревијата „Le Defile L’Oreal Paris 2021 “ која ја претставуваше колелкцијата пролет/лето 2022 изобилуваше со познати имиња кои ја освежија листата на иконични манекенски дебиа и појавувања овој моден месец.

Шоуто ја славеше женската сила додека ја промовираше тренинг програмата на брендот „L’Oreal“ за борба против улично наследство, со одбележување на 50-годишнината од промотивната порака „Затоа што вредиме“.

Белиот лелеав Жанбатиста Вали фустан со зелени мат цветни детали и црно врзување околу половината и вратот кој го носеше Камила Кабејо беше спарен со ниски црни сандали, и се вееше на ветрот додека таа чекореше по пистата на ревијата.

„Хавана“ ѕвездата го надополни изгледот со гламурозни безгрижни локни, сива „smokey-eye“ сенка и „nude“ кармин во спонтана ноншалантност.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by priss ♡ (@cabello97kc)

Амбер Херд донесе драма на пистата, носејќи розов костум со пердуви на рамената во иста нијанса и расцепи на ракавите.

Ѕвездата од „Aqua Man“ износе неоптоварена брановита руса фризура во комбинација со нејзиниот карактеристичен црвен кармин.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @fashion.style.iran

Но вистинската ѕвезда на ревијата беше Хелен Мирен, 76-годишната актерка која покажа нова визија за добро стареење. Доминантно чекорејќи на црни сандали со висока платформа елегантно го износе црниот моќен комплет со ситни бели дезени.

Како дополнителна изјава на моќ на рок шик изгледот беше шминката со драматични очи од дебел црн ајлајнер и „nude“ кармин на лицето на Хелен, и доминантните округли обетки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zadovoljna.rs (@zadovoljnars)

На пистата ги придружуваа и Катрин Лангфорд и индиската филмска ѕвезда Ајшварја Рај Баччан, како и манекенките Ноеми Леноа, Дуцен Крус и Изабели Фонтана.

„Оваа година „Le Defile“ ќе биде важна платформа за зајакнување на жените, пренесувајќи силна порака за себе-вреднување и прекршувајќи го правилото на типични ревии со покана на публиката да се придружи на програмата „Stand Up Against Street Harassment““, изјави Дафне Вигер-Ховас, претседател на брендот во официјална прес-изјава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marzena Ignor (@mm.ignor)

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Хаос во Атина: Маж се заканил дека ќе се разнесе пред парламентот

Следно

Се уриваат објекти во скопската населба Ќерамидница

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian