Уште еден британски полицаец обвинет за силување

1 min read

Лондонски полицаец од Парламентарната и дипломатската команда вчера бил обвинет за силување, објави градската полиција, пренесува Дејли Меил.

Дејвид Карик (46) е обвинет од полицијата од Хертфордшир, каде што бил на должност во моментот на настанот.

Обвинувањата доаѓаат неколку дена откако Вејн Казинс, полицаец во истиот полициски штаб, беше осуден на доживотен затвор за киднапирање, силување и убиство на Сара Еверард во март, во случај што ја шокираше Британија и предизвика протести против насилството врз жените ширум светот.

„Полицијата е згрозена, лута и шокирана“

Полицијата тогаш објави дека се „згрозени, лути и шокирани“ од злосторствата извршени од Казинс, а потоа се извини на семејството Еверард.

Случајот предизвика повици за големи реформи во поглед на проверката на полицајците и како да се решат злосторствата против жените.

Полицаецот обвинет за убиството на Сара Еверард/ Фото Profimedia

Зборувајќи за обвинението за новото силување, Дик рече дека е „длабоко загрижена од денешните вести дека полицаец од оваа полициска единица е уапсен и обвинет врз основа на сериозно обвинение“. „Јасно ми е дека и јавноста ќе биде многу загрижена“, рече таа, додавајќи дека постапката треба да продолжи според планираното.

Карик вчера бил уапсен и суспендиран.

Полицаец обвинет за убиството на Сара Еверард

л

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дневен хороскоп за 4 октомври: Ќе ве мачат сомневања што не се реални

Следно

Зошто се случува лажно позитивен тест на ковид-19 кај (не)вакцинираните

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian