Талибанците го возвратија ударот: Уништена база на ИСИС

4 mins read

Tалибанските сили во синоќа разбиле ќелија на Исламска држава во северен Кабул, изјави портпаролот на движењето, по експлозијата во близина на џамијата во главниот град на Авганистан, при што загинаа и ранија неколку цивили, пренесува Ројтерс.

Нема потврда дека операцијата била директно поврзана со вчерашната експлозија, што се чини дека е најтешкиот напад во главниот град на Авганистан по повлекувањето на американските сили кон крајот на август.

„Базата на ИСИС беше целосно уништена и сите нејзини членови внатре беа убиени“

Локалниот огранок на Исламската држава, ИСИС-Корасан, веќе тврди дека извршил напади врз талибански сили и останува неповрзан со движењето што во август ја порази владата поддржана од Западот во Кабул.

Портпаролот на талибанците, Забихула Муџахид изјави дека специјалната талибанска единица синоќа извршила операција против групите на ИСИС во Кабул, на северот од градот.

„Базата на ИСИС беше целосно уништена и сите нејзини членови внатре беа убиени во тој одлучувачки и успешен напад“, објави утрово на неговиот Твитер профил.

Исламската држава ја презеде одговорноста за бомбашките напади во Џалалабад

Талибанците, кои исто така се борат со остатоците од силите лојални на Ахмад Масуд, лидер на опозицијата од регионот Паншир северно од Кабул, рекоа дека имаат речиси целосна контрола врз земјата.

Сепак, вчерашните насилства и серијата помали инциденти во последните денови во тие области, кои го вклучуваат Нангархар на границата со Пакистан и Парван северно од Кабул, покажуваат дека заканите по безбедноста не исчезнале.

Исламската држава ја презеде одговорноста за бомбашките напади во источниот град Џалалабад, како и за самоубиствениот напад во кој загинаа 13 американски војници и многу авганистански цивили собрани во близина на влезот на аеродромот во Кабул, очајно обидувајќи се да обезбедат место во летовите за евакуација.

Најмалку осум загинати е билансот од експлозијата на бомба во кабулската џамија

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Скопје водата за пиење е безбедна и квалитетна

Следно

ГАЛЕРИЈА: Ковид пандемијата не ги поколеба животодарителите – акциите за донирање крв не престануваат

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian