Се уриваат објекти во скопската населба Ќерамидница

1 min read

Екипи на Град Скопје денеска почнаа со уривање на објекти во населбата Ќерамидница за пробивање на трасата во продолжението на новиот мост на булевар АСНОМ. 

До крајот на оваа недела ќе бидат урнати 14 објекти, за кои се завршени постапките за експропријација. Изградбата на новиот мост е во завршна фаза, а интензивно се работи на расчистување на имотно-правните односи и за другите објекти во Ќерамидница кои се наоѓаат на трасата на пробивањето на булеварот во овој дел градот, соопштија од Град Скопје. 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

ВИДЕО+ФОТО | Камила Кабејо, Амбер Херд и Хелен Мирен на модната писта: Со париски гламур во борба против улично насилство

Следно

ВИДЕО | Започна „Операцијата Ескалин“: Британската војска помага со снабдувањето на гориво

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian