Се садат околу 170 украсни растенија на повеќе локации во Карпош

1 min read

Општина Карпош продолжува со обновување на зеленилото во повеќе населби. Комуналните служби засадуваат 170 украсни растенија во Карпош 3  (на просторот во ТЦ „Лептокарија“), во опкружувањето на Порта Влае,  на плоштадот „Делфина“, како и на улицата „Московска“ во Тафталиџе.

Во текот на изминатата недела, локалната самоуправа засади нови украсни растенија и во Тафталиџе, во делот кај „Вегера“, каде што беше засадена и нова тревна површина. Исто така, на овој потег, на површина од 800 м2 беше поставен и нов систем за наводнување.

Локалната самоуправа во изминативе години континуирано вложува во одржување на постоечкото зеленило, но и во подигнување на нови зелени површини. Направени се неколку маалски паркови во повеќе населби: Карпош 1 (ул. „Иван Аговски“), Карпош 2  (спроти Драмски театар), Карпош 3 (во ООУ „Лазо Трповски“), Карпош 4 (меѓу улиците „Желево“ и „Соле Стојчев“) и др.

Ги повикуваме сите граѓани на одговорно користење на овие јавни површини, како и на заштита на поставената урбана опрема (клупи и корпи), велат од општина Карпош. 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Доаѓа млада месечина: На овие 4 хороскопски знаци ќе делува многу интензивно!

Следно

„Пандорините документи“: Наводната љубовница на Путин има имот од 100 милиони долари

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian