Проблеми за Германецот: Александер Зверев под истрага

1 min read

АТП денеска соопшти дека отвори истрага против германскиот тенисер Александер Зверев поради наводите на неговата поранешна девојка Олга Шарипова дека физички и психички ја злоставувал.

Обвинувањата против Александер Зверев се сериозни и наша одговорност е да ги провериме. Се надеваме дека истрагата ќе ни помогне да ги утврдиме фактите и да превземеме соодветни дејствија. АТП го осудува секој облик на насилство и ќе ги истражи овие наводи.
Веруваме дека Зверев ја поддржува нашата истрага и свесни сме дека ги негираше обвинувањата. Исто така ќе го следиме процесот во германскиот суд поврзан со овој случај – изјави Масимо Калвели, извршен директор на АТП.

Поранешната девојка на тенисерот, Олга Шарипова го обивни Зверев дека кога беа заедно тој физички и психички ја злоставувал. Зверев ги негираше овие обвинувања.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Паднаа трите најголеми апликации – Facebook, Instagram и WhatsApp

Следно

За словенечките пратеници проширувањето на ЕУ е долгорочен, но важен процес

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian