Почина Ларс Вилкс: Контроверзниот уметник познат по карикатурите на Мухамед

1 min read

Ларс Вилкс, шведскиот уметник познат по карикатурите на Мухамед, кои ги објави во 2007-ма година, загина во сообраќајна несреќа, пишува Би-Би-Си.

Ларс Вилкс наводно бил во цивилно полициско возило што се судрило со камион во близина на градот Макарида на југот на Шведска.

Покрај него, загинале и двајца полицајци, а возачот на камионот е полесно повреден.

Сообраќајката на Ларс Вилкс/ Фото EPA-EFE/JOHAN NILSSON SWEDEN OUT

Живеел под полициска заштита

Вилкс (75) живеел под полициска заштита откако со години се соочуваше со смртни закани.

Во полициското соопштение се наведува дека се уште не е јасно како дошло до судирот, но нема индикации дека некој друг бил вмешан.

Почина Ларс Вилкс, контроверзниот карикатурист/ Фото EPA-EFE/BJORN LINDGREN

Ал Каеда во Ирак понуди награда од 100 илјади долари за неговото убиство.

Тој претходно преживеал обид за атентат во Копенхаген во едно кафуле, откако двајца непознати напаѓачи пукале кон него . Напаѓачите убиле едно лице и раниле тројца полицајци пред да побегнат. Вилкс не бил повреден во нападот.

Пред неколку месеци почина и Курт Вестегард, кој беше познат по истите карикатури како и Вилкс. Но, за разлика од Вилкс, тој починал по долго боледување.

Почина Курт Вестергард, авторот на карикатурите што предизвикаа бес кај муслиманите

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Голем дел од Скопје утре ќе остане без електрична енергија

Следно

ВИДЕО | Д-р Ристовски: Секој втор кој прележал ковид-19 се жали на срцебиење и варијација на крвниот притисок

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian