Одлуката за оставките откако МВР ќе го објави извештајот за пожарот во Тетово

2 mins read

Премиерот Зоран Заев очекува следните денови Министерството за внатрешни работи да го објави извештајот за причините за пожарот во модуларната болница во Тетово за јавноста да биде информирана и за да може како претседател на Владата да донесе одлука за понудените оставки на министерот и заменик-министерот за здравство.

– Делот од форензиката и вештачењето што го направи МВР е доставено до Јавното обвинителство и од тој аспект очекувам во следните денови да се објави од страна на Министерството за внатрешни работи, а Јавното обвинителство може да продолжи со истрагата и да утврди други аспекти ако треба, но одговорот на прашањето од што е настанат пожарот и сите детали поврзани со настанувањето на пожарот, очекувам да бидат јавно објавени за да знаат граѓаните, но тоа е и основата за да донесам одлука во врска со понудите оставки на министерот и заменик-министерот за здравство, рече Заев, одговарајќи на новинарски прашања по денешната прес-конференција во Владата.

Во однос на извештајот на германските експерти, Заев рече дека начелно тој се очекува за околу две недели по нивното заминување.

– Колку што сум информиран од министерот за внатрешни работи по заминувањето на германските експерти начелно за околу две недели се очекува да стигне нивниот извештај, посочи Заев.

Прашан за негов став за извидничкиот камп што го организираше Скопскиот извиднички камп, Заев рече дека не е информиран и побара новинарското прашање да му биде доставено на писмено.

– Што е тоа за извидничкиот камп? Не знам што се случува во моментов. Не сум информиран. Ако ми појасните што е тоа со извидничкиот камп. Ве молам писмено да доставите за што точно се работи да дадам одговор за личен мој став или за став на Владата. Навистина првпат слушам за ова, рече Заев.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Американските научници Џулијус и Патапутијан се Нобелови лауреати во медицината

Следно

Ибрахимовиќ за роденден се почести со автомобил вреден 450.000 евра кој е произведен во само 499 примероци

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian