Ново правило во НБА: Невакцинираните кошаркари нема да бидат платени, Ирвинг може да остане без 15 милиони долари

1 min read

НБА лигата и Унијата на кошаркари денеска постигнаа договор според кој секој кошаркар кој ќе пропушти натпревар бидејќи не е вакциниран, нема да биде платен за тој натпревар.

Според медиумите во САД, повеќе од 90 проценти од кошаркарите во НБА лигата се вакцинирани, но и понатаму има одреден број на играчи кои одбиваат да се вакцинираат.

Со новото правило кое го донесе НБА лигата, најпогодени се играчите кои настапуваат во Њујорк и Сан Франциско бидејќи во овие градови се на сила мерки кои не дозволуваат влез во сала на невакцинирани лица.

Новиот здравствен протокол на НБА лигата, најголеми глоавоболки им предизвикува на челниците на Бруклин нетс бидејќи една од ѕвездите, Кајри Ирвинг често во јавноста изјавува дека нема намера да се вакцинира.

Според ЕСПН, Ирвинг за секој пропуштен натпревар на Бруклин кој ќе го игра на домашен терен ќе остане без 381.000 долари, а доколку остане на својот став да не се вакцинира, тогаш ќе загуби дури 15 милиони долари. Според договорот, Ирвинг има годишна плата од 35 милиони долари.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Д-р Петличковски: Идеално е да се тестираат сите ученици

Следно

ФОТО | „Жива и здрава да си Тики моја, те сакам до небо и никад назад“: Tијана Скулиќ доби уникатен подарок од Миа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian