Николов: Потребна ни е победа над Лихтенштајн за поголема самодоверба

1 min read

Фудбалерот на Шериф Тираспол, Бобан Николов смета дека фудбалската репрезентација на Македонија е поквлаитетна од Лихтенштајн, но истото мора да по потврди и на теренот во Вадуз.

Македонија во квалификациите за пласман на СП 2022 година кое ќе се одржи во Катар, на седми октомври му гостува на Лихтенштајн, по што за четири дена подоцна на Националната Арена „Тодор Проески“ ќе игра против четирикратниот светски шампион Германија.

– Ни треба дисциплина и агресија. Максимален пристап. Треба да пристапиме на натпреварот со Лихтенштајн како да играме против Германија. Потребен ни е целосен фокус. Поквалитетни сме од нив, но треба да го покажеме тоа на терен. Ни недостасува победа за поголема самодоверба во оваа репрезентација. Секој селектор си има свои идеи, ние добро го знаеме Благоја милевски, има свои стил на работа, секогаш оди до крај, имамвме добри три натпревари ни се надевам дека сега ќе ја крунисаме добрата игра со победа – вели Николов.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Заев во Демир Капија најави план за инвестиции тежок осум милијарди евра

Следно

ФОТО | Малиот рај на Јуле во Драчево: Вака се ужива во хобито од младоста

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian