Мелбурн постави нов светски рекорд: Град со најдолго време поминато во локдаун

2 mins read

Австралискиот град Мелбурн постави нов светски рекорд за град со најдолг локдаун поради коронавирусот.

Мелбурн, главниот град на сојузната австралиска држава Викторија, на источниот брег, во неделата броеше вкупно 245 дена, што ги помина со наредба да останат дома, пренесува Еј-Би-Си.

Мелбурн со тоа го надмина претходниот рекорд што го држеше Буенос Аирес. Аргентинската престолнина издржа 234 дена карантин, од 20 март до 11 ноември 2020 година, а имаше и кратко десетдневно заклучување од 21 мај до 31 мај оваа година, објави Еј-Би-Си.

Шесто заклучување од почетокот на пандемијата

Мелбурн моментално е во шестото целосно затворање од почетокот на пандемијата на коронавирусот, а заклучувањето треба да трае најмалку уште три недели.

Бројот на инфицирани во државата Викторија неодамна го надмина соседниот Нов Јужен Велс, во кој бројот на случаи почна да опаѓа откако достигна очигледен врв.

Во Мелбурн, луѓето се на работ на своите нерви. Минатиот месец, демонстрантите излегоа на улиците за да протестираат против задолжителната вакцинација во градежниот сектор.

Мелбурн, Австралија за време на ковид локдаун EPA-EFE/DANIEL POCKETT

Наскоро ќе достигне 70% од вакцинираните

Се проценува дека федералната држава ќе постигне да ги вакцинацира лицата над 16 години на 26 октомври, со над 70 проценти, што ќе донесе крај на заклучувањето според утврдените правила.

Меѓутоа, државниот премиер Даниел Ендрјус рече дека не ја исклучува потребата од продолжување на воспоставените мерки доколку е потребно.

Австралија, со 25 милиони жители, долго време се бори со стратегијата за целосно искоренување на вирусот, но откако не успеа го спречи ширењето на делта сојот, се сврте кон целта за постигнување одредено ниво на вакцинација како излез од локдаунот.

Австралија има 105.000 случаи и повеќе од 1.200 смртни случаи поврзани со ковид.

ФОТО+ВИДЕО | Протест во Мелбурн со неочекуван пресврт: Полицајците бегаат со возила, демонстраните нападнаа со шишиња и камења

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Денеска „Coffee & Cake“ ден во „Лајка“ по повод Светскиот ден на животните

Следно

Стигнуваат сѐ повеќе пријави од родители, Обвинителството е на потег

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian